featured

Во Италија ова се нема случено од 19 век! Незапирливо опаѓа бројот на раѓања

Во 2023 година, Италија забележала најмал број раѓања од 19 век, објави во петокот агенцијата за статистика Истат.

Првите податоци покажуваат дека минатата година во Италија се родени околу 379 илјади деца, што е 11-та рекордно ниска година по ред.

Бројот на раѓања почна да опаѓа во годините по 2008 година, кога имаше 557 илјади, а од 2013 година овој пад се забрзува.

Од обединувањето на Италија во 19 век, кога почнале да се запишуваат овие податоци, никогаш немало толку малку раѓања како во 2023 година, пишува агенцијата dpa.

Овие бројки значат дека минатата година земјата со 58,99 милиони жители имала шест раѓања на секои 11 умрени.

Италија бележи пораст и на просечната возраст на населението, која сега е 46,6 години.

Рекордни 22,5 илјади Италијанци имаат над сто години.