featured

Забележано непознато летало над Ваљево, српската армија ги подигна „миговите“

Денеска во 10 часот и 39 минути постојано распоредените сили за контрола и заштита на суверенитетот на воздушниот простор на Република Србија откриле непознато летало над Ваљево, на надморска височина од 5.500 метри, соопшти српското Министерство за одбрана.

Врз основа на наредбата на претседателот на Републиката и врховен командант на вооружените сили на Србија, Александар Вучиќ, на должност биле подигнати неколку борбени авиони МиГ-29, а дежурните ракетни единици и радарски средства продолжиле да го надгледуваат воздушниот простор.

-При водењето на дежурните авиони до зоната на пресретнување, целта била изгубена од радарските покажувачи, пренесуват српските медиуми.

Авионите продолжиле со летот и пребарување на областа, според процедурата, со цел да ја потврдат состојбата.

-По пребарувањето на зоната, на борбените авиони им беше наредено да се вратат на аеродромот од каде што тргнаа, додека останатите сили продолжија со редовно следење и надзор на воздушниот простор, се вели во соопштението.