featured

Заврши заложничката криза во Холанија, уапсено едно лице

Холандската полиција го уапсила мажот кој неколку часа ги држел како заложници гостите на едно кафуле во градот Еде.

-Ослободен е последниот заложник, едно лице е уапсено, соопштија од тамошната полиција на социјалната мрежа „Х“ и додаваат дека во моментов, не можат да споделат повеќе информации за оваа заложничка криза.

Претходно, полицијата соопшти дека нема индикации дека овој немил настан е поврзан со акт на тероризам.

Полицијата претходно соопшти дека од утрово има заложничка криза во кафуле во градот Еде во Холандија, а евакуирани биле 150 домови.

Портпаролот на полицијата во таа прилика изјави дека не се знае дали лицето што ги држи заложниците е вооружено, но изјави дека ситуацијата е „дефинитивно сериозна“.