featured

Признание на напаѓачите во Москва: Тргнавме кон Киев за да ја добиеме наградата

Обвинетите во случајот со терористичкиот напад во „Crocus City Hall“ на рочиштата признале дека по нападот имале намера да одат во Киев за да ја подигнат наградата, соопшти Истражниот комитет на Русија.

„При првичното сведочење, како и во подоцнежните распити и други истражни дејствија во кои учествувале, обвинетите за терористичкиот напад соопштија дека нивните дејствија, како во фазата на подготовка, така и по вооружениот напад во Москва ​​биле координирани со гласовни пораки преку Телеграма од човек кој им се претставил под псевдоним“, се вели во соопштението.

Како што се додава, според упатствата на координаторот, по извршеното кривично дело, терористите „со автомобил тргнале во правец на руско-украинската граница со намера да ја преминат и да пристигнат во Киев за да ја добијат ветената награда“.

„Истрагата продолжува со спроведување низа истражни дејствија и оперативни мерки насочени кон проверка на вмешаноста на претставници на украинските разузнавачки служби во организацијата и финансирањето на терористичкиот напад“, наведува од Истражниот комитет на Русија.