featured

Робот ќе патролира на аеродромот во Алјаска, има само една задача

Робот со големина на куче ќе патролира на аеродромот Фербенкс во Алјаска за да спречи птици и диви животни да дојдат во контакт со авионите, објави Одделот за транспорт на Алјаска.

Во соопштението се вели дека роботот ќе патролира на аеродромот за да ја подобри безбедноста, објави „Sky News“.

Роботот по име Аурора може да се качува по карпи, да оди по скали и да прави танцови движења, додека трепка со зелени светла, со што е превидено да ги плашо дивите животни.

Планирано е роботот да патролира на отворен простор во близина на пистата секој час, во обид да спречи птици и диви животни да дојдат во контакт со авионите.

Идејата за користење на роботи дојде откако официјалните лица го отфрлиле планот за користење дронови.

За време на периодот на тестирање во Фербенкс, ќе се види колку роботот ќе биде ефикасен во исплашувањето на поголемите животни и како лосовите и мечките ќе реагираат на роботот.

Минатата година имало 92 напади на животни во близина на аеродромот, вклучително и 10 на самиот Фербенкс, иако повеќето од нападите не ги оштетиле авионите, соопшти Федералната управа за авијација на САД.