featured

Таткото на малата Данка повторно во полициска станица

Таткото на исчезното девојче од Србија, Данка Илиќ пристигнал во полициската станица во Бор, каде бил во придружба на неговите родители. Според информациите на српските медиуми, тој повторно дава исказ. Не бил приведен, туку станува збор за дел од стандардната процедура.

-Тој веќе извесно време е во полициските простории каде дава изјава, пренесува „Телеграф“.

Таткото досега двапати јавно проговори за исчезнувањето на својата ќерка.

Веќе петти ден се трага по двегодишното девојче, кое исчезна во вторникот во околината на Бор, Србија.