featured

(ФОТО/ВИДЕО) Заложничка криза во Холандија: Маж држи луѓе во заробеништво во кафуле, се заканува дека ќе разнесе се

Непознат маж рано утринава дошол во кафулето „Petticoat“ во холандскиот град Еде, ги заклучил луѓето и почнал да се заканува дека ќе се разнесе.

Околу 150 домови во областа се евакуирани, а центарот на градот е затворен, пишува Би-Би-Си.

Според полицијата, засега нема индиции за терористички мотив.

Низ градот е распоредена полиција, а на сите им беше наредено да го избегнуваат центарот.

Итните служби се на терен.

На социјалните мрежи е објавено дека маж влегол во кафулето со оружје и бомба, и се заканил дека ќе го разнесе целото место.

Полицијата не соопшти колку лица се заробени, но според последните информации мажот ослободил тројца од нив. Тие посочија дека ситуацијата се уште не е завршена.

Еде е голем град со околу 120.000 жители, кој се наоѓа на околу 75 километри југоисточно од Амстердам.