featured

Интерпол распиша жолта потерница по малата Данка

Интерпол распиша жолта потерница по исчезнатата Данка Илиќ, објави на социјалните мрежи претседателот на Центарот за исчезнати и злоставувани деца, Игор Јуриќ.

На веб-страницата на Интерпол се наведува дека девојчето има една година, опишан е нејзиниот физички изглед и карактеристичните детали, како бенка на левата надлактица и бенка на левото уво.

Да потсетиме, девојчето исчезна во вторникот во 13 часот и 45 минути во населбата Бањско Поље во Бор, има кафена коса, кафени очи и е висока околу 85 сантиметри. Во моментот на исчезнувањето таа носела маслинесто зелена јакна, виолетови панталони, црни патики и косата врзана во опавче.

Денеска на социјалните мрежи и во некои медиуми се појави видео од девојка која личи на Данка Илиќ. Српското МВР работи на расветлување на околностите поврзани со снимката која се појави од Виена. Тоа, како што беше речено, е една од многуте траги на кои работат тамошните власти.

Виенската полиција сослушала државјанин на Србија кој живее во главниот град на Австрија, а кој во тој град снимил девојка која токму личи на исчезнатата Данка.