featured

Не заборавајте да ги поместите часовниците, започнува летното сметање на времето

Со поместување на часовникот за еден час нанапред, од два на три часа, зимското сметање на времето завршува во недела, а започнува летното сметање на времето.

Воведувањето на летното сметање на времето било предложено во 1784 година од страна на „таткото“ на САД, Бенџамин Френклин, кој бил познат по тоа што спиел подолго. Сепак, тој тоа го предложи како шега. Но за неговото значење и бесмисленост се дебатира повеќе од два века.