featured

Русите првпат ја гранатираат Украина со бомба-монструм? ПВО системите немаат решение за смртоносното оружје тешко 1,5 тони

Русите ја употребија тешката бомба „ОDAB-1500“ за прв пат во Украина, при нападот на Велика Писаривка во регионот Суми. Ова е првпат Русија да употреби ваква термобарична бомба од еден и пол тон, која датира од советската ера, пишува германски „Билд“, повикувајќи се на новинарот и воен експерт Јулијан Ропке.

Според него, бомбата „ОDAB-1500“ била употребена за прв пат од почетокот на инвазијата на Украина. Била фрлена бомба врз Велика Писаривка, кој претрпел големи штети. По ударот на небото се издигнал облак чад висок дури еден километар. Украина објави дека две воздушни бомби биле фрлени врз цивилната инфраструктура на Велика Писаривка и дека е оштетена и зградата на тамошната гимназија, пренесува „Јутарњи“.

„ОDAB-1500“ или детонирачка воздушна бомба е термобарична ракета од советската ера. Испушта течност во форма на аеросол 10 метри пред целта, што создава пламен што ја зголемува моќта на уништување.

Руската новинска агенција Тасс објави дека на 16 март „руските сили уништиле околу 300 украински војници во прецизен воздушен напад“, повикувајќи се на соопштение на нивното Министерство за одбрана.

„Прецизен напад на воздушна муниција на местото каде што беше распоредена формацијата Кракен уништи 300 милитанти“, се вели во соопштението на руското Министерство.

На видеото објавено од руското Министерство за одбрана се гледа како руските сили лансираат експлозивна бомба „ОDAB-1500“, наведе Тасс.