featured

Се придружи на „Европскиот фронт“ – Села потпиша договор со Ахмети за заеднички настап на изборите

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети и Зијадин Села од Алијанса за Албанците, денеска во Гостивар го потпишаа договорот за коалиција, и заеднички ќе одат на изборите во 2024 година.

Досега се споменуваа некои имиња кои ќе се најдат на списокот на пратеници како Елми Азири, Илире Даути, Наим Бајрами, додека се очекува да има уште две имиња.За Европскиот фронт потпишаа уште и првиот човек на Народното движење Скендер Реџепи, со првиот човек на ДПА, Мендух ТАчи, и со првиот човек на ЕДП, Аријанит Хоџа. Договори се потпишани и со партии од помалите земји како Сојузот на Ромите, Турската демократска партија и Движењето на Турците.