featured

Туск: Европа влезе во ‘предвоена ера’, не претерувам

Европа влезе во ‘предвоена ера“ во која е можно секакво сценарио, а заканата од војна веќе не е нешто од минатото, предупреди денеска полскиот премиер Доналд Туск во интервју за европските медиуми.

Според Туск, ситуацијата во Европа е во најкритичниот момент од крајот на Втората светска војна, и дека следните две години ќе решат сè. Прашан дали е војната неизбежна во светло на неодамнешните забелешки од бројни западни политичари за можен анапад на русија врз НАТО, тој истакна дека „можно е буквално секое сценарио“.

„Не сакам никого да плашам, но војната веќе не е поим од минатото. Реална е, почна пред две години. Знам дека тоа звучи стаписувачки, особено за луѓето од помладите генерации, но мора ментално да прифатиме дека доаѓа нова ера. Предвоена ера. Не претерувам“, предупреди Туск во интервјуто. за неколку европски медиуми.

Тој нагласи дека „нашата главна задача треба да биде да ја заштитиме Украина од руската инвазија и да ја одржиме Украина како независна и интегрална држава.“

Иако повика на негување на „трансатлантските врски“ без оглед на тоа кој ќе биде следниот претседател на САД, полскиот премиер посочи дека ЕУ треба да биде понезависна од НАТО и самодоволна во однос на одбраната.

„Ќе бидеме поатрактивен партнер за САД ако бидеме посамоодржливи во одбраната. Наша задача е да ги негуваме врските без оглед на тоа кој ќе биде претседател на САД “, рече тој.

Туск истакна дека тука „не станува збор Европа да постигне воена автономија од САД или да создаде паралелни структури со НАТО“ и повтори дека „нема причина Европејците да не го почитуваат основниот принцип и да не издвојуваат најмалку два отсто од БДП за одбраната.“

Туск потсети дека Полска сега троши 4 отсто од својот БДП за одбрана, но посочи оти сфаажа оти не секоја членка на ЕУ сака да го направи тоа.

„Но, два отсто едноставно мораат. Не разбирам како некој може да го оспорува тоа. Мора да издвојуваме колку што може за купување оружје и муниција за Украина бидејќи ако Украина биде поразена, никој во Европа нема да може да се чувствува безбедно“, истакна тој.

Полскиот премиер повтори дека главната задача на Западот е Украина да остане независна држава со територијален интегритет.