featured

Додик: Ќе ја спроведуваме нашата политика, а не самоволието на Американците

Република Српска е стабилна и покрај бројните притисоци на кои е изложена, истакна денеска претседателот на Република Српска, Милорад Додик, и посочи дека никој од претставниците на институциите нема да дозволи да биде притиснат или уценуван.

„Срамота е за Србите што постојат некои Шаровиќи, Бореновиќи, Тривиќи, Вукановиќи, Миличевиќи и ним сличните кои не ја гледаат важноста на тоа српскиот фактор да биде обединет и собран околу најважните прашања за опстанокот на српскиот народ“, рече Додик.

Тој посочи дека тоа зборува за нив, нивните амбиции и за отсуството на грижа за сопствениот народ и држава.

„Во институциите ќе продолжи да се спроведува одговорна национална и државна политика, а не самоволието на Американците. Политичките пензионери кои уништија се што можеа за Република Српска, барем во овој момент би требало да замолчат“, напиша Додик во пост на „Х“.

Тој рече дека Република Српска има свој пат, свои политики и нема да ги спроведува американските.