featured

Европскиот фронт се проширува и со Бошњачката Демократска Унија

Претседателот на Демократската унија за интеграција, г-дин Али Ахмети и претседателот на Бошњачкиот Демократски Сојуз, г-дин Мунир Колашинац денес се договорија кон победничкиот Европски фронт да се приклучи и бошњачката заедница.

 

Така, Колашинац ќе биде дел од изборната листа на Европскиот фронт за пратеници во 1-та изборна единица.

 

Пред неколку дена, Европскиот фронт инициран од Демократската унија за интеграција и претседателот Али Ахмети потпишаа договор за коалиција со Албанската демократска партија на Мендух Тачи, Алијансата за Албанците на Зиадин Села, Народното движење на Скендер Реџепи Зејд, Европската демократска партија на Арјанит Хоџа, Турската демократска партија на Бејџан Иљас, Сојузот на Ромите на Фатима Османовска, Движењето на македонските Турци за правда и демократија претставено од Сулејман Баки.

 

Европскиот фронт едногласно ја поддржува заедничката кандидатура за претседател на кандидатот Бујар Османи, до вчера шефовите на сите политички партии дел од Европскиот фронт потпишаа заедничка изјава и се построија зад неговите 10 заложби во улога на претседател на државата.