featured

Пукано од автоматско оружје кон градоначалникот на Арачиново Ридван Ибраими, ранет член на обезбедувањето

Додека шетал на отворено, денеска непознат сторител пукал кон градоначалникот на Арачиново Ридван Ибраими од ДУИ.

Инцидентот се случил во Арачиново. Било пукано со автоматско оружје кон него, а повреден е член на обезбедувањето, кој сакал да го заштити. Ранетиот е однесен во Клиничкиот центар во Скопје

МВР засега не соопштува ни кој е пукачот, ни кои се причините за инцидентот.

Во септември 2022 година, градоначалникот Ибраими во полиција пријави дека бил физички нападнат од неколку лица, а во мај 2023 пријави дека добивал закани по живот.