featured

Светска банка: Украина е на работ на банкрот

Украина би можела да банкротира веќе идната година ко западните земји не се согласат да ги отпишат или да ги реструктуираат нејзините долгови, вели претставник на Светска банка за руската новинска агенција ТАСС.

Киев се потпира на финансиската помош од своите западни сојузници, но странската поддршка се намали во последните месеци, а пакетот помош од САД тежок 60 милијарди долари останува заглавен во Конгресот.

Изворот од Светска банка, кој инсистирал на анонимност, ја коментирал последната транша од 1,5 милијарди долари што Киев ја доби минатата недела во рамките на програмата на Светската банка. Според изворот, одделението на Светска банка кое ја претставува Русија гласала против заемот, повикувајќи се на повелбата на организацијата.

Нацрт- документот за распределба на средствата „отворено“ укажува на „катастрофалната состојба на јавните финансии на Украина“ поради економскиот пад и намалувањето на странската помош.

„Ако западните доверители одбијат да му ги отпишат долговите на Киев во 2025 година, вклучително и долговите кон приватни компании и банки, земјата може да се соочи со банкрот“, предупреди претставникот на Светска банка.

Тој додаде дека високото раководство на оваа финансиска институција со седиште во Вашингтон препознало дека има „исклучително високи ризици“ од соработката со Украина и истакна дека, исто како и во претходните трансакции, таа не обезбедила сопствени средства за Киев.

„Во последната транша Светска банка „уште еднаш ги искористи“ гаранциите на двајца украински донатори – Јапонија и Велика Британија,“ вели изворот.

Според украинскиот премиер Денис Шмигал, заемот ќе се користи за социјални и хуманитарни потреби, како и за реконструкција.

Украинската влада годинава очекува рекорден буџетски дефицит од 43,9 милијарди долари и планира најголемиот дел да го покрие со финансиска помош од западните спонзори.

Минатата година поранешниот украински премиер Микола Азаров тврдеше дека економската криза во Украина започнала одамна и дека веќе е евидентиран банкрот на земјата. Според Азаров, несолвентноста на Украина се манифестира во неможноста да го финансира буџетот, бидејќи таа речиси целосно се потпира на помошта од Западот.