featured

(видео) Евакуирана зоолошката градина во Санкт Петербург поради закана за бомба

Посетителите и вработените во зоолошката градина во Санкт Петербург денеска биле евакуирани поради дојава за бомба, соопшти прес-службата на зоолошката градина, пренесува РИА.

„Зоолошката градина во Ленинград доби дојава за бомба. Сите служби се информирани, а посетителите и вработените се евакуирани“, се вели во соопштението, во кое се додава дека истрагата е во тек.

Ленинградскaта зоолошка градина, која се наоѓа во центарот на Санкт Петербург, се простира на површина од четири хектари и е една од најстарите зоолошки градини во Русија.