featured

Поранешен советник на Зеленски обвинет за проневера на речиси 2,5 милиони долари

Поранешен советник во кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска беше обвинет за проневера на речиси 2,5 милиони долари од Украинските железници, соопшти Националното биро за борба против корупцијата на Украина (НАБУ), без да го именува осомничениот, пренесува „Украинска правда“.

Повикувајќи се на неименувани извори, веникот објави дека станува збир за Артем Шило, но изворот на „Киев индипендент“ во НАБУ во моментов не можел да ги потврди наводите.

Шило претходно беше шеф на Одделот на Службата за безбедност на Украина (СБУ) задолжен за деловни истраги, од каде што беше разрешен во март оваа година, но остана во служба на СБУ.

Шило, наводно, во 2022 година по почетокот на војната во Украина, склучил договор за купување трансформатори за Украинските железници по цени многу повисоки од пазарните. Компанијата на која Шило наводно ѝ ги давал договорите била во сопственост на белоруски државјанин со врски со Русија, соопшти НАБУ.

Инспекторите успеале да запленат 1,3 милиони долари од банкарски сметки на луѓе осомничени за водење на шемата. Во тој случај досега се приведени четири лица, соопштија од НАБУ.