featured

Пукање во училиште во Финска – има и повредени, меѓу нив и три деца

Рано утрово дошло до пукање во училиште во Ванта, Финска, при што се повредени неколку лица, а како што пренесуваат финските медиуми меѓу нив има и три деца.

Осомничениот е уапсен во брза полициска акција во близина на училиштето, се наведува во соопштението за печатот на финската полиција.

Исто така се наведува дека напаѓачот е малолетник.

„Полицијата е на лице место и врши увид. Се замолуваат граѓаните да се држат подалеку од областа и да бидат во затворен простор. Вратите да не се отвораат за непознати лица“, се вели во полициското соопштение.

Тоа е училиште со повеќе од 800 ученици.