featured

Тројца загинати во лавина на швајцарските Алпи

Три лица загинаа, а едно лице е повредено попладнево во лавина во Рифелберг, во алпскиот ски-центар Зермат во Швајцарија, соопшти полицијата.

Портпаролот на полицијата во кантонот Вале не можеше да даде повеќе детали за идентитетот на жртвите, а не е познато и дали повеќе луѓе исчезнале во лавината, пренесува „Ројтерс’.

Полицијата во краткото соопштение само констатира дека за денеска е прекината потрагата по евентуално исчезнати лица.  Пристапот до местото каде настанала лавината е отежнат поради големото количество снег што падна.