featured

Ако сте анемични пробајте го овој рецепт

Анемија или слабокрвност се јавува кога телото нема доволно здрави црвени крвни зрнца (еритроцити) за да го пренесе кислородот до сите ткива.

Составен дел на еритроцитите е хемоглобинот. Затоа, на нашето тело му треба железо за нормално да функционира.

Кога немаме доволно железо во организмот, може да се појават низа симптоми. Тие на почетокот може да бидат благи и речиси незабележливи, а подоцна да се интензивираат како што се развива анемијата. Тоа може да бидат: замор, недостаток на енергија, вртоглавица, студени раце и нозе, опаѓање на косата, бледа или жолтеникава кожа, неправилно чукање на срцето.

Кај анемичните луѓе, срцето мора посилно да пумпа за да го компензира недостатигот на кислород во крвта, па има проблеми во вид на забрзано или неправилно чукање на срцето.

Што може да помогне при анемија?

Покрај суплементите препишани од лекар и посебен режим на исхрана, при анемија можат да помогнат и природните препарати на база на коприва. Ова моќно растение содржи значително количество железо, потоа калциум, магнезиум, витамин Б комплекс, витамин Ц, витамини А, Д и К, како и протеини, јод, бакар.

Рецепт за подготовка на база на коприва и мед

Потребни се:

50 гр мелено семе од коприва

350 гр мед

сок од 2 лимони

100 гр бадеми

Сите состојки измешајте ги со дрвена лажица. Ако ви е полесно, можете да ја затворите теглата и да ја протресете. После тоа, чувајте го препаратот во фрижидер. Земете по една кафена лажичка секое утро на празен стомак