featured

Груби за ТВ Клан: Албин Курти го знаеме долги години, упадите на Самоопределување во Северна Македонија никогаш не беа успешни

Вицепремиерот Артан Груби во своето гостување во емисијата “Пресинг” со Леонард Керчуку на ТВ Клан Македонија, рече дека Демократската унија за интеграција победува на овие претседателски и парламентарни избори.

Груби на новинарските прашања за мешањето на премиерот на Косово, Албин Курти во изборите во Северна Македонија, одговори дека такви интервенции имало и претходно, но истите биле неуспешни.

„Сите случувања ги чувствувам како свои, не само јас, туку и сите Албанци во Македонија, па вчера градот Призрен го прогласи за почесен граѓанин господинот Али Ахмети. Премиерот Курти го познавам долги години, кога соработувавме со различни организации, тогаш бев во (невладината)„Разбуди се“. Курти во Македонија и Албанија „упаѓал “ уште од 2005-2006 година, учествуваше директно на последните избори, држеше говори на митинзи на опозицијата. На претседателските избори г-дин Курти го поддржа и господинот Блерим Река, но не успеа, па во тоа време немавме ниту кандидат бидејќи ја промовиравме идејата за консензуалност. Според сите анкети, ДУИ победува, без разлика што вели опозицијата, веќе го имаат Беким Ќоку, но тој веќе премина од ДПА и Алијанса за Албанците во Самоопределување. Али Ахмети не научи да одржуваме меѓуинституционални односи за меѓудржавни проекти, со кој било соседен политичар, без поделби и без разлики“, изјави Груби.