featured

Нетанјаху призна дека Израел убил 7 хуманитарни работници: Не е намерно, се случува во војна

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху призна дека во „ненамерен“ израелски напад загинале „невини луѓе“ во Газа, откако беше објавено дека во енклавата биле убиени седум лица кои работеле за хуманитарната програма „Светска централна кујна“.

„За жал, во последните 24 часа се случи трагичен инцидент каде нашите сили ненамерно погодија невини луѓе во Појасот Газа. Ова се случува во војна, ние проверуваме се до крај, притоа сме во контакт со владите и ќе направиме се за да спречиме ова да се повтори“, рече Нетанјаху, зборувајќи на хебрејски во видео пораката.

Светската централна кујна (WCK) претходно објави дека ги прекинува операциите во Газа по нападот во кој загинаа седум нејзини волонтер.

„WCK веднаш ги прекинува своите операции во регионот. Наскоро ќе донесеме одлуки за нашата идна работа“, рече извршниот директор на WCK, Ерин Гор.

Организацијата во соопштението рече дека нејзиниот персонал „отпатувал во зоната без конфликт во два оклопни автомобили означени со логото на WCK“.