featured

Вучиќ: Данка е убиена, полицијата оди на местото каде што е закопана

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека МУП уапсила две лица кои се осомничени за убиството на двегодишната Данка Илиќ, која исчезна на 26 март.

Како што рече на вонредната седница на Владата, Данка Илиќ е убиена, а двајцата уапсени го признале делото, пренесува Б92.

Во моментов, рече тој, полицијата ги води на местото каде што е погребано нејзиното тело.

Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.