featured

Груби: Овие четири години се фокусиравме на демонополизација на општеството за Албанците да го добијат својот дел од економијата 

Гостин во емисијата “Пресинг” на ТВ Клан Македонија, вицепремиерот Артан Груб ги истакна континуираните активности на ДУИ во овие четири години, и природната прогресивна еволуција на оваа партија. Груби рече дека главната цел на партијата бил да се добие делот од економијата кој им припаѓа на Албанците од Северна Македонија.

„Во овие четири години се фокусиравме на инфраструктурата и распределба на делот на економијата, бидејќи сме започнале политичка активност за правда и рамноправност, за Охридскиот договор, знамето, јазикот, универзитетите, училиштата, застапеноста во институциите. ДУИ еволуираше затоа што сето тоа го постигна и ги насочуваше сопствените политики во интеграција, интеграција во општеството, во регионот и интеграција во ЕУ и НАТО.

И третиот чекор од природната еволуција на ДУИ и на Албанците во Македонија дојде со оваа извршна власт која што ја имаме сега, со распределба во економијата, демонополизацијата на секоја индустрија за да можат Албанците да си го земат својот дел.

Се обидовме да го реактуализираме Коридорот 8, бидејќи Коридорот 10д и пристаништетот во Солун беа ставени во монополизирачка положба “, рече Груби.