featured

ДУИ: Масовно да ја поддржиме кандидатурата на д-р Бујар Османи

На полноќ почна изборната кампања за претседателските избори закажани за 24-ти април. Демократската унија за интеграција во оваа прилика ги повикува политичките партии-учеснички на изборите на 24-ти април да водат мирна и демократска кампања, заснована на конкретна програма и понуда.

 

Воедно, ги повикуваме активистите и граѓаните да се воздржат од можни провокации кои можат да дојдат од различни кругови кои сакаат да ја дестабилизираат државата, да влеат страв и да предизвикаат криза во пресрет на претседателските избори на 24-ти април.

 

Демократската унија за интеграција и Европскиот фронт се убедени дека на 24-ти април кандидатот за претседател, д-р Бујар Османи, исто како и на 8-ми мај – на парламентарните избори, коалицијата „ДА за Европа, НЕ за Русија“ ќе извојат убедлива победа досега забележена во Северна Македонија.

 

Програмата и понудата на идниот претседател, д-р Бујар Османи ќе биде претставен од град во град, од село во село и од врата до врата, за да покажеме дека гласот за кандидатот под реден број 4 е глас за европска Македонија и за безбедна и просперитетна иднина на секој граѓанин на државата.

 

Со желба за европска кампања, Демократската унија за интеграција ги повикува граѓаните масовно да ја поддржат кандидатурата на д-р Бујар Османи и со ова да го продолжиме евроатлантскиот пат и најбрзото можно членство на Северна Македонија во Европската Унија.