featured

Европски фронт: ВМРО го напаѓа Фронтот со аргументи на проруски центри и ја промовира албанската опозиција!

Плашејќи се од победата на Европскиот фронт, ВМРО-ДПМНЕ и нејзините лидери продолжуваат да измислуваат за Демократската унија за интеграција, а истовремено обвинуваат на ист начин како многуте проруски центри во Северна Македонија.

 

Последно што доаѓа од ВМРО е тоа што потпретседателот, Тимчо Муцунски ја обвини ДУИ за корупција, додавајќи дека „сегашното раководство на ДУИ не треба да има позиција во ниту една идна влада што ќе се формира“.

 

ДУИ и Европскиот фронт оценуваат дека ВМРО-ДПМНЕ е последната партија која треба да зборува за криминал и корупција, особено кога се уште се активни десетици судски процеси против нивни функционери кои не успеале да ја напуштат државата.

 

Ги потсетуваме Муцунски и ВМРО дека, како и во последните два изборни циклуси, ДУИ беше таа која победи на изборите и дека истото ќе се случи на 24-ти април и 8-ми мај, кога апсолутен победник ќе биде Европскиот фронт предводен од ДУИ и ќе биде клучот за формирање на идната Влада.

 

Со текот на времето, на јавноста и е јасно која партија сака борба против корупцијата, а која партија е синоним за криминал и корупција.

 

Останува отворен повикот на Демократската унија за интеграција за ветинг(проверка) на секој што води или е предложен да раководи со било која државна институција и покрај одбивањето токму на ВМРО истиот да се изгласа.

 

За да го докажеме спротивното, ги предизвикуваме Муцунски и Мицкоски да ги повикаат своите пратеници и сега – со овој сегашен состав на пратеници – да го усвоиме предлог-законот на ДУИ за ветинг што со години чека во Собранието.

 

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Европскиот фронт ја поддржаа каузата за земја членка во Европската Унија и бескомпромисната борба против криминалот и корупцијата, како два главни столба на изборната програма на двојните избори во Северна Македонија, соопштуваат од ДУИ.