featured

НАСА истражува мистериозен „вселенски објект“ кој падна во дом на Флорида

НАСА во вторникот соопшти дека го анализира објектот што неодамна паднал од „небото“ на дом на Флорида. Веројатно се работи за фрагмент од отфрлен дел од Меѓународната вселенска станица (ISS).

Алехандро Отеро од Неапол објави на X дека неидентификуван предмет го пробил покривот и поминал низ 2 ката од неговиот дом на 8 март, при што за малку ќе го повредил неговиот син.

Отеро верува дека неговата куќа била погодена од дел од товарниот контејнер со стари батерии кои НАСА ги исфрлила од ISS во 2021 година. Резервоарот, како што предвидува агенцијата, требаше да изгори безопасно над земјината атмосфера на 8 март.

НАСА: Го анализираме објектот

Отеро, исто така, објави снимка од неговата надзорна камера од објект кој пропаѓа низ покривот во 14:34 часот по локално време.

„Значи, тоа е 19:34 UTC, што е во согласност со проценката на Вселенските сили за атмосферски влез над Заливот – 19:29 UTC. Мислам дека можеби сте во право и тоа е канистерот за батерии ЕП-9“, коментира астрофизичарот Џонатан Мекдауел во својата објава.

Наскоро се јави и НАСА.

“Во договор со сопственикот на куќата, го земавме предметниот објект. Ќе го анализираме во вселенскиот центар Кенеди на НАСА во Флорида што е можно поскоро за да го утврдиме неговото потекло. Дополнителни информации ќе бидат достапни по анализата”, изјавила НАСА за АФП.

Кој ќе ја преземе одговорноста за штетата?

Според извештајот на Ars Technica, батериите биле во сопственост на НАСА, но тие биле во контејнер лансиран од јапонската вселенска агенција – потенцијално комплицирајќи ја одговорноста за штетата на домот.

Ова не е прв пат „вселенското ѓубре“ да предизвикува проблеми на Земјата. На пример, во 2022 година, дел од капсулата SpaceX Dragon падна на австралиска фарма за овци. Скајлаб, првата американска вселенска станица, се урна во Западна Австралија.