featured

Се огласи српската полиција за случајот со Данка: Уапасените признаа

Српската полиција се огласи пред неколку моменти во јавноста за случајот со малата Данка и притоа наведоа

-Припадниците на МВР по десетдневна опсежна акција, детални проверки на сите траги и информации, ги уапсија С.Ј.(1974) и Д.Д.(1974), двајцата од Бор, поради сомнение дека го убиле двегодишно девојче, Данка Илиќ.

Двајцата осомничени во целост го признале ова дело, а потрагата по телото е во тек.

Полицијата и понатаму интензивно работи на овој случај за што навремено ќе ја информира јавноста.