featured

Се одмотува клопчето: Данка билa згазена со автомобил, па фрлена на депонија

Како што потврдија за АТВ, криминалистичката полиција од Бор ги привела работниците на Јавното комунално претпријатие „Водовод“ Бор С.Ј.(50) од село Лука и Д.Д.(50) од село Злот.

„С.Ј. е осомничен дека со своето службено возило „фиат панда“ на улица „Радомир Путника“ удрил во пешакот, двегодишната Данка и ја убил. Заедно со колегата Д.Д., телото на девојчето го ставиле во багажникот на возилото, по што се упатиле кон дива депонија на Старобањски пункт кај Бор, каде телото било фрлено на десната страна од патот“, вели извор близок до истрагата.

С.Ј. е обвинет за сторено тешко кривично дело против безбедноста на јавниот сообраќај, а Д.Д. помош на сторителот по извршувањето на кривичното дело. По апсењето и на двајцата им е одреден притвор до 48 часа.

Истрагата на криминалистичката полиција на ПУ Бор укажува дека се се случило на 26 март околу 13 часот и 52 минути, односно само седум минути откако исчезна девојчето.

С.Ј е обвинет дека не ја приспособил брзината на возилото на состојбата и условите на патот, поради што со предниот десен дел од возилото ја удрил девојката и ја убил“, вели извор од истрагата.