featured

Тајани: НАТО го поддржа италијанскиот предлог да го направи јужниот фронт приоритет

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани изјави денеска дека на состанокот на шефовите на дипломатиите на НАТО во Брисел побарал „јужниот фронт“ на Алијансата да биде приоритет“ и дека овој предлог бил прифатен, пренесува АНСА.

„Надолго разговаравме за можноста за именување специјален пратеник за јужниот фронт и побарав јужниот фронт да стане приоритет на НАТО,“ изјави Тајани.

Тајани истакна дека италијанскиот предлог бил пречекан со голем ентузијазам и дека документот подготвен од група експерти на НАТО бил позитивно прифатен.