Американскиот сенатор Боб Менендез вечерва поднесе оставка од таа функција, откако претходно денес Етичкиот комитет на Сенатот на САД го презеде првиот чекор од прегледот што можеше да доведе до негово исклучување од Сенатот, пренесе Ројтерс.
Менендез не одговори на повиците да поднесе оставка, вклучително и од гувернерот на Њу Џерси, неговата родна држава и лидерот на мнозинството во Сенатот, Чак Шумер, откако беше осуден за 16 кривични дела, вклучително и поткуп, пред федералниот суд во Њујорк.
Менендез, кој го претставува Њу Џерси во американскиот Сенат од 2006 година, рече дека ќе поднесе жалба на пресудата.