Петнаесет лица загинаа, а повеќе од 150 се водат како исчезнати откако брод со 300 бегалци од Гамбија потона во понеделникот во близина на Нуакшот, главниот град на Мавританија во Северозападна Африка, соопшти Меѓународната организација за миграција (ИОМ).
Атлантскиот бегалски пат од брегот на Западна Африка до Канарските острови, кој вообичаено го користат африканските мигранти во обид да стигнат до Шпанија, е еден од најсмртоносните во светот, а летото е најпрометниот период на таа рута, според Ројтерс.
Во денешното соопштение ИОМ наведе дека мавританската крајбрежна стража спасила 120 лица, дека десет од нив итно се префрлени во болници и дека продолжуваат напорите за пронаоѓање на исчезнатите.