Илјадници протестираа пред Капитол во Вашингтон против Бенјамин Нетанјаху. Пред само неколку минути израелскиот премиер одржа говор пред двата дома на американскиот Конгрес.
Нетанјаху често беше аплаудиран од конгресмени, но беше во спор со претседателот Бајден за бомбардирањето на Појасот Газа.
А Бајден вечерва ќе и се обрати на нацијата за неговото повлекување од трката за втор мандат.
Според последните анкети, неговата кандидатка за Белата куќа, Камала Харис води со 2 поени пред Доналд Трамп.