Францускиот претседател Емануел Макрон денес изјави дека ќе именува нов премиер по завршувањето на Олимписките игри во Париз, како и дека потоа ќе формира нова влада.
Тој ја отфрли можноста да поднесе оставка пред крајот на мандатот, пренесува Ројтерс.
Макрон призна дека неговата партија претрпе пораз на изборите на почетокот на месецот и одби да коментира дали новиот премиер ќе биде некој од победничката левичарска коалиција.