Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес им се обрати на американските конгресмени на заедничката седница на двата дома на Конгресот.
„Денес се среќаваме на раскрсницата на историјата. Нашиот свет е во превирања. На Блискиот исток, иранската оска на терор се соочува со Америка, Израел и нашите арапски пријатели. Ова не е судир на цивилизации. Ова е судир меѓу варварството и цивилизацијата меѓу оние кои ја слават смртта и оние кои се посветени на животот, Америка и Израел мора да бидат заедно“, рече Нетанјаху, кој пред говорот доби овации од двете страни во Конгресот, пренесува CBS News.
Нетанјаху беше жестоко критикуван за големиот број на палестински жртви и се соочува со зголемен домашен и меѓународен притисок да постигне договор со Хамас за да обезбеди ослободување на преостанатите заложници во замена за привремен прекин на борбите.