Бројот на загинати од лизгање на земјиштето во Етиопија на почетокот на оваа недела се искачи на 257, а тој број може речиси да се удвои, објави денеска Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (UNOCHA). Обилните дождови предизвикаа лизгање на земјиштето што затрупа луѓе во зоната Гофа во јужна Етиопија во неделата вечерта, а второто лизгање на земјиштето во понеделникот ги зафати оние кои беа вклучени во спасувачките напори.
„Се очекува бројот на загинати да се искачи на 500 луѓе според информациите добиени од локалните власти“, се вели во извештајот на UNOCHA. Националната комисија за управување со катастрофи на Етиопија објави дека бројот на загинати во вторникот е 229.
Дагмави Ајеле, администратор на зоната Гофа, рече дека спасувачите досега извлекле 226 тела, кои беа закопани по погребната церемонија, а трагаа по уште 20. „Преопасно е да се оди во близина на областа“, рече Ајеле, додавајќи дека дождот продолжи да паѓа и во четвртокот.
Фото: Архива