Двајца пилоти загинаа во близина на сточарска фарма во Западна Австралија откако се судрија со хеликоптерите со кои управувале.
Пилотите, на возраст од 29 и 30, претрпеле смртоносни повреди кога нивните хеликоптери се судриле веднаш по полетувањето во близина на фармата Маунт Андерсон, пишува австралискиот ABC News.
Покрај полицијата, истрагата ја води и Австралиското биро за безбедност на транспортот (ATSB) и на местото на настанот ќе испрати тим истражители од Канбера и Бризбејн.
Привремениот извештај за несреќата ќе биде објавен за околу два месеци, по што ќе биде завршена конечната истрага.