282
Адидас ги отстрани фотографиите на манекенката Бела Хадид од рекламите за промовирање на спортските обувки, кои за прв пат беа лансирани за време на Олимписките игри во Минхен во 1972 година.
Германската компанија за спортска облека соопшти дека ја ревидира својата кампања по критиките од Израел поради поддршката на Хадид за Палестина.
„SL72“, кој Адидас го опишува како безвременски класик, го промовираше Хадид, Американка чие семејство има корени од Палестина.
Манекенката, која претходно го навлече гневот на израелската влада поради наводното извикување на слоганот „Од река до море, Палестина ќе биде слободна“, е обвинета за антисемитизам, пишува „Гардијан“.
Официјалниот профил на државата Израел на социјалната мрежа „Х објави дека се противи на Хадид како лице на кампањата на Адидас во објава во која се наведува дека единаесет Израелци биле убиени од палестински терористи за време на Олимписките игри во Минхен.
O fotografo da campanha da Adidas, Kenny Germé, mostrou apoio a Bella no Instagram. pic.twitter.com/q2Ml4G0FDb
— Portal Bella Hadid BR (@BellaHadidBra) July 19, 2024
Хадид постојано ја критикуваше израелската влада и ги поддржуваше Палестинците низ годините, а на 23 октомври објави на Инстаграм, жалејќи се за загубата на невини животи, повикувајќи ги следбениците да вршат притисок врз нивните лидери да ги заштитат цивилите во Газа.
Адидас во соопштението појаснува дека кампањата за патиките „SL72“ „обединува широк спектар на партнери“. Во него се вели: „Свесни сме дека се направени врски со трагични историски настани – иако тие се целосно ненамерни – и се извинуваме за секоја предизвикана вознемиреност. Како резултат на тоа, го ревидираме остатокот од кампањата“.