Седумгодишно дете починало во КБ Свети Дух, Загреб една недела по операција на крајниците, потврди директорот на болницата д-р Игор Алфиревиќ.
-За жал, точна е информацијата дека во четвртокот, 25.07.2024 година, по реанимација на Унифицираниот Ургентен болнички прием на Клиничката болница „Свети Дух“ починало дете. Детето, седум дена по операцијата на крајниците на Клиниката за оториноларингологија и хирургија на глава и врат, КБСД, и шест дена по отпуштањето од болница, во раните утрински часови на загрепскиот жупански институт за итна медицинска помош – подружница Запрешиќ било без витални знаци – одговори КБ Свети Дух за 24 часа.
„Веднаш ги информиравме сите“
Болницата веднаш го известила Министерството за здравство, како и II полициска станица Загреб – Чрномерец и поведе постапка за внатрешен надзор, со цел да се испитаат сите околности на случајот и на вработените во болницата кои биле вклулени во процесот на укажување итна психолошка помош на починатото дете.
Телото е пренесено во Институтот за судска медицинска обдукција на Медицинскиот факултет во Загреб, за да се утврдат точните причини за смртта.
Истрагата за смртта на детето е во тек.