По речиси четири часа долга и незапаметена церемонија на отворањето на Олимписките игри, конечно дојде и моментот кога беше запален олимпискиот оган. Откако сите делегации на чело со знаменосците продефилираа на бродови низ реката Сена, главната сцена беше пред најголемата знаменитост на Париз – Ајфеловата кула, но по нов пресврт огнот отпатува и оттаму.
Француската фудбалска легенда Зинедин Зидан ја доби честа од организаторите да биде човекот кој ќе го дочека олимпискиот оган од својот мистериозен носител низ градот во текот на денот. Потоа Французинот му го предаде факелот на шпанскиот тенисер Рафаел Надал, кој заедно со Серена Вилијамс, Надиа Команечи и Карл Луис се качи на брод и пак отпатува со огнот.
Тие стигнаа на пристаниште и го предадоа огнот на најдобрата француска тенисерка Амели Моресмо, а таа истрча со факелот до екс-кошаркарот Тони Паркер, па се формираше група спортисти пред Лувр. Заедно истрчаа под Триумфалната порта, а потоа им се придружуваа доста други спортисти и легенди. Конечната дестинација на олимпискиот оган беше Градината на тулипаните, а го запалија Теди Ринер и Мари Жозе Пере. Веројатно како никогаш досега високо летна специјално дизајнираниот балон со олимпискиот оган во Париз.