Во експлозија во металуршка фабрика во централната кинеска провинција Хенан, пет лица загинаа, а 14 се повредени, соопштија денес локалните власти.
Одделот за итни случаи на градот соопшти дека експлозијата се случила во петокот попладне во индустрискиот парк Гаожуанг, пренесува Ксинхуа.
„Во индустрискиот парк во градот Јонгченг, калап експлодира при производство на алуминиумски прачки, при што загинаа пет лица, а 14 беа полесно повредени“, се вели во соопштението.
Истрагата за причините за експлозијата е во тек, а одговорните лица од компанијата се приведени.