Close Menu
Press OnlinePress Online
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ
Press OnlinePress Online

Погодено фудбалско игралиште во Израел: Десет мртви

Press OnlinePress Onlineјули 27, 2024 СВЕТ
Сподели
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Десет лица загинаа денес кога ракета од Либан падна на фудбалско игралиште во село на Голанската висорамнина, јави израелскиот Канал 13, покрај деветмината загинати, многумина се ранети, додаде телевизијата.

Претходно беше соопштено дека во нападот деветмина се тешко ранети и дека се работи за деца и млади на возраст од 10 до 20 години.

Припадник на израелската служба за итни случаи опиша големо уништување и пожар на местото на настанот, фудбалско игралиште во селото Мајдал Шамс.

Израелската армија соопшти дека помага во евакуацијата на повредените.

Израелците веднаш го обвинија Хезболах за лансирање на ракетите, но групата ги негираше обвинувањата. Хезболах рече дека тие „немаат апсолутно никаква врска со инцидентот и категорично ги отфрлаат сите лажни обвинувања“.

Хезболах претходно соопшти дека лансирал десетици ракети врз воена база на Голанската висорамнина, во близина на Мајдал Шамс.

Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац изјави дека разговарал со премиерот Бенјамин Нетанјаху по смртоносниот напад врз Мајдал Шамс, но не наведе детали од разговорот.

„Нема сомнеж дека Хезболах ги премина сите црвени линии. Се соочуваме со сеопфатна војна“, рече Кац.

Тој рече дека Израел ќе има „целосна поддршка“ од САД и Европа, но одби да каже каков ќе биде одговорот на Израел.

Неименуван дипломатски извор потврди дека Нетанјаху моментално одржува безбедносни консултации во САД, каде престојуваше во последните неколку дена.

Поврзани содржини

Напад со нож на железничката станица во Хамбург, 12 повредени

Планот на Трамп за забрана за странски студенти е привремено блокиран

Пакистан ја продолжи забраната за летови на Индија над своја територија

Снимен звукот на имплозијата на подморницата Титан

Двајца познати музичари се меѓу загинатите во авионот кој се урна во Сан Диего

Вооружен судир и филмска потера во Амстердам, специјалните сили на нозе

Најнови вести

Напад со нож на железничката станица во Хамбург, 12 повредени

мај 24, 2025

Целосен ремонт во Манчестер Јунајтед: само еден играч не е на продажба ова лето

мај 24, 2025

Обвинителството поднесе жалба, бара ефективен притвор за поранешните директори на Онкологија

мај 24, 2025

Посебен сообраќаен режим утре во Скопје

мај 24, 2025

Планот на Трамп за забрана за странски студенти е привремено блокиран

мај 24, 2025
СПОРТ

Целосен ремонт во Манчестер Јунајтед: само еден играч не е на продажба ова лето

мај 24, 2025

Реал Мадрид официјално се збогува со Анчелоти: „Благодарност и почит кон една од најголемите легенди на клубот“

мај 24, 2025

Тоти: Конте и Алегри веќе имаат потпишано договори со други клубови

мај 24, 2025
© 2018 - 2025 Press Online. All Rights Reserved.
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.