Едно лице го загуби животот, а 34 се спасени откако чамец со мигранти се обидел да го премине Ла Манш од Франција во Британија и наишол на тешкотии, соопштија денеска француските власти.
Спасените мигранти се префрлени на итната помош, соопшти управата задолжена за регионот на Кале, пренесе Ројтерс.
Справувањето со проблемот со илегалната миграција е клучен приоритет и за француската и за британската влада. Повеќе од 12.000 баратели на азил пристигнаа во Британија оваа година, а многумина го преминаа Ла Манш со преполни чамци со ризик да се превртат.
ФОТО: Архива