Граѓаните на градот-држава во Југоисточна Азија имаат безвизен пристап до рекордни 195 глобални туристички дестинации, од можни 227 – во согласност со глобалните трендови кон пристапност на меѓународните патувања.
„Општиот тренд во текот на изминатите две децении беше кон поголема слобода на патување, со глобалниот просечен број на дестинации до кои патниците можат да пристапат без виза речиси двојно се зголеми од 58 во 2006 година на 111 во 2024 година“, рече Кристијан Х. Каелин, претседател на компанијата Henley & Partners, во соопштението.
„Меѓутоа, глобалниот јаз во мобилноста помеѓу оние на врвот и на дното на индексот сега е поголем отколку што бил досега, при што прворангираниот Сингапур може да пристапи до рекордни 169 повеќе дестинации без визи од Авганистан“.
Македонскиот пасош е на 41. место со 128 дестинации на кои може да се патува со него без виза. Соединетите Американски Држави паѓаат во рангирањето на индексот на пасоши трета година по ред: американските пасоши сега се осми најмоќни, со безвизен пристап до голем дел од Европа, Австралија и Латинска Америка.
Сепак, големи делови од Африка и Азија бараат од Американците да добијат визи пред да влезат во нивните граници.
Пред една деценија, Американците ги имаа најмоќните пасоши во светот, но нивниот пристап до патувања постојано се намалуваше во последниве години. Посиромашните земји сè уште се соочуваат со построги ограничувања за патување од нивните побогати врсници. Значајно е тоа што седум од првите 10 земји што добиваат најмногу одбиени шенген визи се наоѓаат во Африка.
„Африканците се соочуваат со троен удар: помала јачина на пасошите, повисоки стапки на одбивање визи и, следствено, ограничена економска мобилност“, напиша Мехари Тадел Мару, дополнителен професор на Факултетот за транснационално управување на Европскиот универзитетски институт, во извештајот.
Накратко, најсиромашните поединци се соочуваат со најголеми тешкотии кога сакаат да патуваат или да се преселат во попросперитетни земји.
Пакистан е избран за петти најслаб пасош во светот. Пакистанците можат да патуваат до 33 глобални дестинации без потреба од виза, а потоа следат: Јемен, Ирак, Сирија и на крајот Авганистан, како најслаб пасош во светот.
Додека од друга страна Шпанија, Германија, Франција, Италија и Јапонија го делат второто место за најсилни пасоши во светот, а првото место сега стандардно му припаѓа на Сингапур.