Повеќе од 20.000 луѓе загинале во сообраќајни несреќи во Европа во 2023 година. Тоа значи дека на милион жители се забележани 47 смртни случаи во сообраќајот. Некои земји како Германија и Шведска имаат ниски стапк на незгоди, но во другите стапката е висока.
Ризикот е значително поголем, особено во истокот на Европа. Така најопасни земји за возачите во ЕУ се Бугарија и Романија.
Сепак, треба да се има во предви дека има пад на смртни случаи во последните неколку години. Во 2021 година имало дури 6% повеќе срмтни случаи во сообраќајот. ЕУ планира дополнителни мерки за намалување на бројот на жртви, со тоа што ќе воведе ограничување од 30 км/ч во населени места, нулта то0леранција за дејство на алкохол и асистенти за поддршка на возачот, особено на оние кои земале возачка дозвола неодамна, како и оние кои сториле прекршоци.
Според истражувањето, дури 95% од несреќите се предизвикани од човечка грешка.
Десетте најопасни земји за возачите во ЕУ (бројките се изразени во број на смртни случаи на еден милион жители во 2023 година)
Бугарија 82
Романија 81
Летонија 76
Хрватска 71
Португалија 61
Грција 60
Литванија 56
Италија 52
Полска 52
Словачка 52