Во Хрватска денес избувнаа неколку големи пожари кои предизвикаа загриженост кај локалното население и масовно ангажирање на противпожарните служби.
Како што пренесува порталот Индекс, кај Скрадин во близина на Шибеник избувнал голем пожар кој зафатил трева, ниска вегетација и борова шума, сериозно загрозувајќи го селото Братишковци и куќите и имотот на мештаните.
Дополнително, денес околу 14 часот избувнаа два пожари во Равнокотарско задарско село Смоковиќ, кои по кратко време се споија во еден поголем пожар.
Овој пожар се шири во близина на аеродромот Земуник и дополнително ја усложнува ситуацијата.
Порталот Шибенски.хр објави дека жителите на околните градови слушаат детонации, за кои се претпоставува дека потекнуваат од стари мини од последната војна.
Според информациите кои Шибеник ИН ги добива од локалните жители, пожарот брзо се шири и во други правци што го отежнува контролирањето на пожарите.
Противпожарните единици се на терен и се борат со пожарите.