Руската морнарица започна голема вежба во која се вклучени речиси сите нејзини бродови и персонал – 300 бродови и 20.000 морнари.
Маневрите се тест на дејствијата на командите на три флоти на руската морнарица, како и на Касписката флотила.
Руската морнарица се состои од вкупно четири флоти – Северна, Пацифичка, Балтичко и Црно Море, плус Касписката флотила и неколку оперативни сили.
Во вежбите ќе бидат вклучени околу 300 поголеми и помали површински пловни објекти, околу 50 авиони и над 200 единици друга воена и специјализирана опрема.
Вежбата е планирана и известувана од руските агенции, кои се повикуваат на Министерството за одбрана во Москва.
Од почетокот на војната во Украина во февруари 2022 година, Русија организираше голем број воени вежби, сама или заедно со други земји, вклучувајќи ги Кина и Јужна Африка.
Во последните два месеци Русија презеде и серија вежби со мобилни ракетни комплекси на своите нуклеарни сили, а исто така и со распоредување на тактичко нуклеарно оружје.
Москва, исто така, ја засили обуката со Белорусија, заедно организирајќи серија големи вежби со Минск.