Петмина рудари загинаа при уривање на рудник за јаглен во северен Виетнам.
Несреќата се случила вчера во рудник за јаглен во провинцијата Куанг Нин, најголемата рударска област во земјата, соопштија регионалните власти, а пренесе Ројтерс.
Загинатите рударите биле вработени во државната рударска единица „Винакомин“.
Истрагата за причините за несреќата е во тек.
Во април загинаа четворица рудари
Несреќите во рудниците за јаглен во Виетнам не се ретки.
Во април четворица рудари загинаа, а седуммина беа повредени во експлозија на гас во рудник за јаглен, исто така, со кој стопанисува „Винакомин“.