Јавниот обвинител на Венецуела, Тарек Вилијам Сааб, најави отворање истрага против лидерката на опозицијата, Марија Корина Мачадо, за наводен компјутерски напад врз Венецуелскиот национален изборен совет (ЦНЕ) кој би бил извршен од Македонија.
Според венецуелските власти, тоа би било причината за одложувањето на објавувањето на Николас Мадуро за реизбран претседател, ситуација што предизвика многу земји да ја изразат потребата за детално разјаснување на резултатот. Меѓу нив е и претседателот Габриел Бориќ (левичар со хрватски корени кој стана претседател на Чиле на 35 години во 2021 година), кој истакна дека резултатите што му даваат победа на венецуелскиот претседател се „тешко за верување“.
„Нападот беше извршен од Северна Македонија и ќе имаше намера да манипулира со податоците што се добиваа во ЦНЕ, според доверливите информации што ги добивме“, откри јавниот обвинител.